Достапни линкови

МВР: Издадени нови над 2000 потврди на мигранти


Во изминатите 24 часа МВР има издадено потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.084 странски државјани. Според државјанството најбројни се државјаните на Сирија 1.013, Авганистан 631, Ирак 334 и други. Во периодот од 19 јуни годинава издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил на вкупно 94.842 странски државјани. Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

XS
SM
MD
LG