Достапни линкови

logo-print

Русија: планот за гасоводот со Турција останува


Планот за нов гасовод меѓу Русија, Турција и јужна Европа останува и покрај тешкотиите. Ова го соопшти Кремљ неколку денови откако Анкара обелодени дека разговорите околу договорот за овој гасовод се замрзнати. На вчерашната средба во Москва претседателите Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган се согласиле дека работата врз проектот треба да продолжи, изјави портпаролот на Кремљ Дмитри Песков. На 11 овој месец Турција соопшти дека ги прекинува разговорите поради предусловите што ги поставувала Русија во врска со цените на гасот.

XS
SM
MD
LG