Достапни линкови

Русија отвори истрага за убиството на царското семејство


Николај Втори

Николај Втори

Руски истражители ги ексхумираа остатоците на Цар Николај Втори и неговата сопруга Александра во рамките на новата истрага за убиството на семејството Романов во 1918 година. Според Истражната комисија, тоа било потребно за да се потврди дали овие остатоци во катедралата во Санкт Петербург навистина им припаѓаат на членовите на царското семејство. Романови беа симнати од власт во 1917 година, по што царот Николај, неговата сопруга, четирите ќерки и синот беа убиени во Екатеринбург на Урал во 1918 година.

XS
SM
MD
LG