Достапни линкови

Бегалски камп на границата на Грција со Македонија


Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации отвора нов камп со илјада кревети и друга неопходна опрема на границата меѓу Грција и Македонија. Кампот е во близина на Идомени и има за цел да им понуди привремено засолниште, како и здравствена грижа на бегалците од Азија и Африка. „Идејата е луѓето да можат да се одморат неколку часови пред да го продолжат нивниот пат“, велат од УНХЦР. Скоро пет илјади луѓе минуваат дневно преку Идомени кон западните европски земји.

XS
SM
MD
LG