Достапни линкови

Ослободени новинарите на Ал Џезеира во Египет


Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси ги помилуваше затворените новинари на Ал Џезеира, Канаѓанецот Мохамед Фахми и Бахер Мухамед од Египет. Тие се меѓу 100 затвореници за кои е наредено да бидат ослободени. Државните медиуми објавуваат дека третото лице од случајот е исто така помилувано. Не е јасно дали станува збор за Австралијанецот Питер Гресте. Тројцата беа осудени на три години затвор поради обвиненија за работа без дозвола и за емитување на матријали штетни за Египет.

XS
SM
MD
LG