Достапни линкови

Генералниот директор на Фолксваген поднесе оставка


Генералниот директор на Фолксваген, Мартин Винтеркорн поднесе оставка поради манипулација во тестовите на дизел автомобилите на пазарот на САД. Тој во соопштението наведува дека е шокиран од случувањата во последните неколку дена. „Ова го правам во интерес на компанијата, иако не бев свесен за било какви лоши постапки од моја страна“, се вели во изјавата. „Со мојата оставка отворам пат за нов почеток“, вели Винтеркорн. Германските јавни обвинители денеска започнаа кривична истрага за скандалот со фалсификуваните податоци за емисијата на штетни гасови во кој е инволвирана германската компанија Фолксваген.

XS
SM
MD
LG