Достапни линкови

logo-print

Убиени пет кинески полицајци во Ксинџијанг


Најмалку пет полицајци со ножеви биле избодени до смрт од наводни сепаратисти, во рудник за јаглен во далечниот западен кинески регион Ксинџијанг. Десетици други лица биле повредени. Локалните власти соопштуваат дека „нападот бил добро подготвен против полицијата и сопствениците на рудникот.“ Радио Слободна Азија објави дека најмалку 18 луѓе загинале кога етнички Ујгури нападнале полициски сообраќаен пункт во градот Кашгар. Тензиите меѓу муслиманските Ујгури и Хан Кинезите во Ксинџијанг резултирааа со насилство во коешто во последниве години загинаа стотици луѓе.

XS
SM
MD
LG