Достапни линкови

Туск: ЕУ да се обедини за решавање на бегалската криза


Претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, ги повика лидерите на 28-те земји членки на Европската унија да се обединат за решавање на бегалската криза, којашто го потресе блокот во пресрет на денешниот вонреден состанок за ова прашање.

Туск во писмо до сите претседатели и премиери на ЕУ напиша дека e долга листата на прашања за кои членките можат меѓусебно да се обвинуваат, но оти тоа нема да помогне во наоѓање на заедничко решение.

Туск коментираше пред денешниот итен состанок на лидерите на ЕУ во Брисел, откако вчера министрите за надворешни работи на Унијата одобрија план за распределба на 120 илјади бегалци во текот на следните две години.

Чешка, Унгарија, Словачка и Романија гласаа против прифаќање на квотите, додека Финска беше воздржана. По гласањето, словачкиот премиер Роберт Фицо рече дека додека е на функцијата нема да ги имплементира квотите.

Европа се соочува со најголемата бегалска криза од Втората светска војна. Повеќе од 500 илјади бегалци и мигранти оваа година влегоа во земјите на ЕУ, многумина бегајќи од војните во Сирија, Ирак и Авганистан.

XS
SM
MD
LG