Достапни линкови

Богоевски на распит во Скопје


Поранешниот директор на Службата за безбедност и контраразузнавање, Слободан Богоевски се појави пред Обвинителството за организиран криминал и корупција во врска со случајот „Маѓар Телеком“. Обвинителството отвори предмет за овој случај по допрен глас по неговата изјава дадена за Њујоршкиот суд во кое наведува дека на актуелни и на поранешни функционери во 2005 година им било исплатено мито од Маѓар телеком преку грчкиот бизнисмен Кондоминас. Богоевски во моментов ја отслужува двегодишната казна затвор за продажба на државно земјиште во непосредна близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

XS
SM
MD
LG