Достапни линкови

Ердоган во Москва на средба со Путин


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на денешната еднодневна посета на Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Според турски претставници, двајцата претседатели ќе разговараат за гасоводот „Турски тек“, сириската криза, нападите на терористичката групација Исламска држава и ситуацијата во Украина. Планирано беше „Турски тек“ да биде отворен кон крајот на 2016 година, но неодамна Турција објави дека ќе го замрзне проектот, обвинувајќи ја затоа руската страна. Ердоган во Москва ќе присуствува на церемонијата на отворање на реконструираната Соборна џамија во Москва, во пресрет на празникот Курбан бајрам.

XS
SM
MD
LG