Достапни линкови

logo-print

Кинескиот претседател Џинпинг во САД


Си Џинпинг

Си Џинпинг

Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во западната американска држава Вашингтон во неговата прва официјална посета на Соединетите држави. Тој во наредните два дена во Сиетел ќе учествува на состаноци на раководители од бизнис и технолошкиот сектор, по што ќе отпатува за Вашингтон на разговори со американскиот претседател Барак Обама. Според оценките, оваа прва посета на Џинпинг е знак дека двете земји можат да ги надминат недоразбирањата и да соработуваат во решавањето на најважните актуелни проблеми во светот.

XS
SM
MD
LG