Достапни линкови

Сенаторот Круз бара откривање на детали од договорот со Иран


Тед Круз

Тед Круз

Американскиот сенатор Тед Круз изјави дека Конгресот би требало да се закани со прекин на работата на владата со цел да ја присили Белата куќа да ги открие, како што рече, „тајните страни“ на договорот за иранската нуклеарна програма. Републиканецот Круз кој е кандидат за претседателската трка во идната година изјави дека Конгресот би требало да го продолжи финансирањето на владата по 30 овој месец, кога завршува оваа фискална година, само доколку администрацијата ги обелодени сите детали од договорот меѓу светските сили и Иран. Белата куќа соопшти дека немала такви документи. Републиканците во Конгресот се обидуваат да го спречат спроведувањето на договорот за иранската нуклеарна програма.

XS
SM
MD
LG