Достапни линкови

Папата Франциско пристигна во САД


Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Франциско пристига на воздухопловната база Ендрус кај Вашингтон каде што беше пречекан од американскиот претседател Барак Обама, потпретседателот Џо Бајден и нивните сопруги. Папата пристигна во Соединетите држави по посетата на Куба. Папата Франциско денеска во Вашингтон ќе одржи прва масовна церемонија на територијата на Соединетите држави, по што ќе има и обраќање во Конгресот. Тоа ќе биде прво обраќање на еден папа во Конгресот. За време на неговата шестдневна посета тој ќе престојува во три градови, а во Њујорк ќе учествува на Генералното собрание на Обединетите нации.

XS
SM
MD
LG