Достапни линкови

Кери апелира до Русија и Иран да помогнат околу Сирија


Џон Кери

Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери ги повика Русија и Иран да помогнат во дипломатските напори за ставање крај на четиригодишниот конфликт во Сирија. Тој додаде дека Вашингтон бил подготвен да се ангажира за дијалог со цел да се промовира мировен договор со кој се предвидува заминување на претседателот Башар ал Асад од власт. Според него, руските авиони кои биле распоредени во Сирија засега имале задача за заштита на тамошната руска воена база, а не за офанзивни дејства. Според последните разузнавачки податоци, руските сили граделе две нови воени бази во Сирија.

XS
SM
MD
LG