Достапни линкови

Ципрас наименува нова влада


Алексис Ципрас

Алексис Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас кој во неделата повторно беше избран на таа функција, ги наименува членовите на новиот кабинет. Меѓу нив е и професорот по економија Еуклид Цакалотос кој останува министер за финансии. Тој ја водеше последната фаза од преговорите со странските кредитори за новиот пакет финансиска помош од 86 милијарди евра. Министер за одбрана останува Панос Каменос, лидерот на малата партија Независни грци. Исто така шеф на дипломатијата и натаму ќе биде Никос Коцијас.

XS
SM
MD
LG