Достапни линкови

Европскиот совет за мигрантската криза


Денеска во Брисел ќе заседава Европскиот совет за да расправа за начините за надминување на мигрантската криза. Вчера министрите за внатрешни работи и за правда го одобрија планот за релокација на 120 илјади мигранти во земјите на Унијата во наредните две години. Одлуката била постигната со гласање, што е невообичаено за Европската унија која најчесто одлуките ги носи со консензус. Чешка, Унгарија, Романија и Словачка гласаа против задолжителните квоти, додека Финска беше воздржана. По гласањето словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека се додека биде на таа функција нема да ја почитува оваа одлука на Унијата. „Денеска беше поразено чувството на заедништво“, оцени чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец.Европа се соочува со најголем бран бегалци од Втората светска војна. Само годинава во Унијата влегле над 500 илјади луѓе кои бегаат главно од Сирија, Авганистан и Ирак.

XS
SM
MD
LG