Достапни линкови

logo-print

Земјите на ЕУ со мнозинство гласаа за распределба на бегалците


Министрите за внатрешни работи на Европската унија со мнозинство гласаа за усвојување на резолуцијата за распределба на 120 илјади бегалци низ земјите на Унијата. Планот треба да биде спроведен во текот на следните две години, а чешкиот министер за внатрешни работи Милан Чованец рече дека Чешка, унгарија, Словачка и Романија гласале против планот, додека Финска била воздржана. Европа се соочува со најголемиот прилив на бегалци од Втпората светска војна. Повеќе од 500 илјади мигранти оваа година влегоа во земјите членки на Европската унија, многумина бегајќи од војните во Сирија, Ирак и Авганистан.

XS
SM
MD
LG