Достапни линкови

logo-print

Унгарија со протестна нота до Хрватска


Унгарскиот амбасадор во Загреб испрати до хрватското Министерство за надворешни работи протестна нота за понудата на Министерството да го отвори главниот граничен премин на границата со Србија под услов српските власти бегалците да ги насочат кон Унгарија. Дипломатската нота е испратена на барање на унгарскиот Министер за надворешни работи Петер Сијарто, соопшти унгарското министерство за надворешни работи. Според унгарското министерство, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ разговарал по телефон за тоа прашање со Сијарто и двајцата изразиле согласност дека барањето на Хрватска е неприфатливо според европските норми. Унгарија бара Хрватска да се врати кон европските стандарди на однесување и да ги регистрира и да нуди услуги на згрижување на мигрантите, се наведува во соопштението на унгарското минисертсво.

XS
SM
MD
LG