Достапни линкови

Обновен товарниот сообраќај меѓу Хрватскa и Србија


Товарниот сообраќај на излез од Хрватска кон Србија е отворен, соопшти српскиот Авто-мото сојуз. Граничните терминали за товарни возила се отворени денеска во 12:30 по локално време, се наведува во соопштението. Колоната камиони од српска страна на границата е долга 11 километри, а од страна на Хрватска пет километри. Пред неколку дена Хрватска ја затвори границата за товарен сообраќај од Србија, но движењето на патнички возила продолжи непрекинато.

XS
SM
MD
LG