Достапни линкови

logo-print

Градоначалникот на Талин обвинет за корупција


Естонските власти поднесоа обвиненија за корупција против градоначалниокот на Талин, про-рускиот политичар Едгар Сависар. Тој исто така е лидер на опозициска партија од центарот, каја главно е поддржана етничкото руско малцинство, односно една четвртина од населението. Портпаролот на канцеларијата на јавниот обвинител денеска рече дека дека Сависар е уапсен заедно со неколку други осомничени. Тој наводно зел мито во 2014-15 година во форма на средства и услуги за него и за други лица во вредност на неколку стотици илјади евра. Апсењата се случија во услови на загриженост во Естонија поради мешањето на Русија во земјата по анексијата на Крим во март 2014 година.

XS
SM
MD
LG