Достапни линкови

Забрзан транзитот на мигрантите низ Македонија


Ситуацијата во Гевгелија е подобрена и е поорганизирана за разлика од минатото, а транспортот на бегалците е полесен и побрз.

Транзитот на мигрантите низ земјава се одвива без проблеми и тие ја добиваат потребната помош, велат од хуманитарните организации кои работат на терен. Според последните податоци на МВР, досега се издадени потврди на 90.774 странски државјани. Од нив најбројни се од Сирија - 71.342, потоа Авганистан 7.624, Ирак 4.904 и Пакистан 2.569. Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението за азил се поднесени 49 барања.

Проблеми некои ние лично на терен немаме и нашата работа непречено функционира. Соработката со другите организации на терен е навистина добра и сметам дека сите имаме иста цел а тоа е олеснување на ова патешествија на лицата кои поминуваат низ нашата земjа.
Александра Ристовски, Црвен крст.

Александра Ристовски од Црвениот крст вели дека имаат девет мобилни тимови на терен на двата гранични премини во Гевгелија и Табановце, при што на мигрантите им обезбедуваат вода, храна, производи за бебиња, прва помош, а поради временските услови и ќебиња и кабаници.

„Проблеми некои ние лично на терен немаме и нашата работа непречено функционира. Соработката со другите организации е навистина добра и сметам дека сите имаме иста цел а тоа е олеснување на ова патешествија на лицата кои поминуваат низ нашата земjа“, вели Ристовски.

Oд друга страна има некои проблеми на кои допрва треба да се работи. Нема вода на пример, а тоа е примарно. Донесоа само за миење, но не е питка. Под итно мора да се поврзе системот, дали со градскиот водовод или како и да планираат да прават, но прашањето со водата мора под итно да се реши.
Габриела Андреевска, активист.

Таа додава дека била обезбедена и прва помош на 6.000 мигранти во изминатата недела, кои имале помали повреди како посекотини, рани, настинки и вртоглавици, а имале и еден случај на вадење на заб.

„Така да тоа се различни ситуации, но ако се работи некогаш за сериозна интервенција вршиме транспорт до околната болница како понатаму нашите институции би се вклучиле и би ја дале поддршката согласно прописите и законите во нашата земја“, додава таа.

Според Габриела Андреевска, активист на терен од невладините организации Солидарност и Легис, ситуацијата е подобрена и е поорганизирана за разлика од минатото, а транспортот на бегалците е полесен и побрз.

„Но, од друга страна има некои проблеми на кои допрва треба да се работи. Нема вода на пример, а тоа е примарно. Донесоа само за миење, но не е питка. Под итно мора да се поврзе системот, дали со градскиот водовод или како и да планираат да прават, но прашањето со водата мора под итно да се реши“, вели таа.

Андреевска се жали и на процесот на влез во прифатниот камп, кој сега е повеќе бирократизиран.

„Навистина и за нас е доста потешко како граѓански активисти да влеземе во кампот. Значи хуманитарна помош има, но понекогаш е тешко да се достави, бидејќи Центарот за управување со кризи го презема кампот, па одново нови картички за влез, значи сè е многу бирократизирано“, вели таа.

Владата пред неколку дена донесе одлука за продолжување на кризната состојба со мигрантите до следната година. Но, кризната состојба може да се прекине доколку до тогаш состојбата со мигрантите се надмине.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG