Достапни линкови

Скапа струја, скапи дрва, а зимата се наближува


Илустрација.

Илустрација.

Огревното дрво е во дефицит, па и цената му е повисока од минатата година, а струјата постојано поскапува.

Кумановци за месеците август и септември добија високи сметки за електрична струја, иако износот не коинцидира со потрошеното. Тоа не е ништо ново, а и да е ново, вообичаено е да се снаоѓаат и да ги плаќаат. Ќе се снаоѓаат и кога ќе паднат температурите, оти за претстојната зима и огревното дрво е во дефицит, па и цената му е повисока од минатата година. Некои од запрашаните велат дека се принудени домовите да ги затоплуваат со струја, некои обезбедиле огревно дрво, а има и такви кои велат дека ќе се затоплуваат со ќебиња и други покривки. Толку им е стандардот.

Не знам што ќе правиме. Затоплуваме една соба со термо печка, ем не сме затоплени, ем скапо. Сигурно шест илјади денари. И дрвата се скапи, меѓутоа луѓето се позатоплени со дрва.

„Не знам што ќе правиме. Затоплуваме една соба со термо печка, ем не сме затоплени, ем скапо. Сигурно шест илјади денари. И дрвата се скапи, меѓутоа луѓето се позатоплени со дрва.“

„Немаме пари да купиме дрва, а на струја не можеме, ние немаме ниту парно, ниту ништо. Немаме ниту пари да платиме струја. Така, кучешки. Минатата зима собиравме гранки по долови, каде ќе најдеме, па под черги. Под јорган. На електричен шпорет готвиме, ама сега немаме да платиме, два пати ни ја исклучуваа, сега добивме опомена дека пак ќе ни ја исклучат. Сметките ни се по три илјади денари, а месечни примања осум илјади денари“, велат анкетираните кумановци.

На дрва ќе се грееме. Скапи се, ама обезбедивме. Ги плативме по три илјади и 300 денари, а минатата година ми се чини беа за 400 до 500 денари поевтини. Со шест кубика ќе затоплуваме две соби, вкупно околу 40 квадрати. Тоа е.

Додаваат дека секој месец мора да позајмуваат пари, ама и тоа им станува проблем, оти тие што им позајмуваат веќе се воздржуваат, зашто знаат дека не можат да им ги вратат. Откако ќе платат давачки, за нив речиси ништо не останува.

„За храна ние си знаеме“, вели една кумановка.

И оние кои успеале да обезбедат огревно дрво велат дека е скапо.

„На дрва ќе се грееме. Скапи се, ама обезбедивме. Ги плативме по три илјади и 300 денари, а минатата година ми се чини беа за 400 до 500 денари поевтини. Со шест кубика ќе затоплуваме две соби, вкупно околу 40 квадрати. Тоа е.“

Оваа кумановка, пак, додава дека секој мора да се снаоѓа, од другите потреби ќе се откаже за да купи дрва.

Во Куманово сè почесто се слуша дека огревно дрво е во недостаток, за што како причини се наведуваат пожари, дрвокражби и нелегални и неплански сечења во минатите години, дури и дека цената на дрвото ја следи цената на електричната струја. Затоа, за сите, како што велат, би било најдобро зимата да започне подоцна, да биде умерена и куса.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG