Достапни линкови

Путин: Ситуацијата со економијата не е критична


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ситуацијата со економијата во земјата е тешка, но не е критична. Тој рече дека буџетскиот дефицит во 2016 година не треба да надмине три проценти од бруто домашниот производ. Путин денеска имеше средба со владини претставници во Москва, посветена за буџетот на Русија во 2016 година. Руската економија е силно погодена од санкциите на Западот и паѓањето на цените на нафтата, поради нејзините акции во Украина. Меѓународниот монетаррен фонд (ММФ) предвидува дека руската економија ќе се намали за 3.4 проценти во 2015 година.

XS
SM
MD
LG