Достапни линкови

logo-print

Косовскиот премиер гаѓан со јајца во Парламентот


За време на денешниот говор на косовскиот премиер Иса Мустафа, неколку опозициски пратеници одеднаш почнаа да го гаѓаат со јајца. Неговиот телохранител побрза да го заштити со чадор. Опозицијата на Косово е гневна поради договорот потпишан минатиот месец со посредство на Европската унија, со кој на српското малцинство му беа дадени повеќе права во однос на локалното трошење, образованието и пристап до финансирање од Белград. По инцидентот седницата во Парламентот беше прекината.

XS
SM
MD
LG