Достапни линкови

Министрите за внатрешни работи на ЕУ дискутираат за бегалската криза


Министрите за внатрешни работи на Европската унија денеска имаат средба на која дискутираат да распределба на околу 120 илјади мигранти меѓу земјите членки на Унијата. Европа се соочува со една од најголемите кризи во последните децении, откако десетици илјади луѓе пристигнаа на континентот бегајќи од војните и сиромаштијата на Блискиот Исток, Африка и Азија. Во пресрет на состанокот во Брисел, Чешка повторно истакна дека ќе одбие било каков систем на задолжителни квоти, исто како и неколку централноевропски земји. Лидерите на ЕУ се подготвуваат на 23 септември да одржат вонреден самит за бегалската криза.

XS
SM
MD
LG