Достапни линкови

Порошенко: Украина треба да влезе во НАТО


Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека останувањето на Украина надвор од НАТО алијансата, е криминална политика којашто неговата влада е подготвена да ја промени. Но, тој рече дека народот преку гласање ќе одлучи за членството. Порошенко денеска зборување на состанокот на Советот за безбедност на Украина, каде присуствуваше и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Претставниците на НАТО рекоа дека Украина мора да спроведе политички, економски и воени реформи. Столтенберг на состанокот изјави дека Украина може да се потпре на НАТО и дека алијансата политички и практично ќе ја поддржи земјата.

XS
SM
MD
LG