Достапни линкови

logo-print

Тројца нефункционални, па затоа 20 пратеници од дијаспора?


Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се бираат 20 пратеници од дијаспора е несериозен и неодговорен, велат експертите.

Наместо тројца, дијаспората да бира 20 пратеници предложиле ВМРО-ДПМНЕ во работната група, а обелодени вчера премиерот Никола Груевски.

Особено затоа што и овие тројца се покажаа како крајно нефункционални. Прво бројката на гласови со кои беа избрани ги прави нерамноправни во однос на бројката на гласачи кои ги добива еден пратеник во Македонија што сигурно не е целта.

Ова е втор предлог на владејачката партија кој го објавува Груевски кој предизвика силни реакции во јавноста. Минатиот месец тој предложи мнозински изборен модел и 17 дополнителни пратенички места за онаа партија која ќе победела на изборите за да се обезбедела стабилна влада.

Ваквите предлози во најмала рака се неприменливи за македонското општество, смета професор Никола Дујовски. Првпат во 24 години самостојност се соочуваме со предлози победничката партија да добиела дополнително пратеници за да имала стабилна влада, но суштината на демократијата не е тоа, додава тој, нагласувајќи дека моделот можеби функционирал во Грција, но кај нас би бил неприменлив. Слично мислење Дујовски има и за новиот предлог во врска со дијаспората.

Мислам дека со нив практично се навредуваат гласачите што живеат во Република Македонија, се навредува нивната интелегенција а и потполно се делегитимира изборниот процес.

„Особено затоа што и овие тројца се покажаа како крајно нефункционални. Прво бројката на гласови со кои беа избрани ги прави нерамноправни во однос на бројката на гласачи кои ги добива еден пратеник во Македонија што сигурно не е целта. Второ нивната поставеност политичка и претставувањето на континенти исто така е несоодветно и веројатно решението што ќе се постигне во однос на изборниот модел и на пратениците сосема поразлично од она што премиерот ни го нуди деновиве“, вели Дујовски.

Според него ниту еден од ваквите предлози нема да бил разгледуван или пак прифатен во работната група која деновиве ја отвори темата- измени на изборниот законик.

Ваквите изјави на премиерот се несериозни и неодговорни, дециден е професорот Мерсел Биљали.

„Мислам дека со нив практично се навредуваат гласачите што живеат во Република Македонија, се навредува нивната интелегенција а и потполно се делегитимира изборниот процес“, вели Биљали.

Според него подигнувањето на бројката пратеници од дијаспората е и еден начин за заземање поцврсти позиции во договарање за измените во изборниот процес зошто како што вели целта на ВМРО ДПМНЕ била да ги задржи сегашните тројца пратеници.

Тројцата пратеници од дијаспората и досега предизвикуваа дебати околу трошоците што ги има државата за нивниот избор и за понатамошната работа во собранието.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG