Достапни линкови

Франција отвори бизнис канцеларија во Техеран


Франција отвори канцеларија за развој на бизнисот во Техеран со цел обновување на економските односи со Иран. Францускиот министер за земјоделство Стефан Ле Фол изјави дека тоа е јасен сигнал за желбата на Франција долгорочно да соработува со Иран. „Француските компании се соочуваат со жестока конкуренција од другите европски и американски фирми во барањето дел од иранскиот пазар откако беше потпишан договорот со светските сили за ограничување на иранската нуклеарната програма“, рече Ле Фол.

XS
SM
MD
LG