Достапни линкови

ХРВ: македонската полиција ги малтретира мигрантите


Хјуман Рајтс Воч соопшти дека македонската полиција ги малтретирала мигрантите и барателите на азил кои минуваат низ територијата на Македонија на нивниот пат кон Европската унија. Извештајот на оваа глобална организација за човекови права се базира врз сведочења на мигранти кои велат дека биле физички и вербално малтретирани од македонски официјални претставници на границата со Грција, како и од полицајци во центарот во Гази Баба во периодот меѓу јуни и јули годинава. „Македонија има проблем со полициското насилство врз мигрантите и барателите на азил. Тоа нема да се смени се додека македонските власти не почнат да ги истражуваат ваквите обвинувања и не ги откријат одговорните“, вели Емина Церимовиќ, од Хјуман Рајтс Воч, барајќи од Брисел да изврши притисок врз Скопје во врска со ова прашање. „Иако целта е тенденциозна, односно да се оцрни Македонија, ние сме подготвени да ги истражиме обвинувањата“, вели за агенцијата Франс прес портпаролот на македонската полиција Иво Котевски.

XS
SM
MD
LG