Достапни линкови

Унгарската армија со нови овластувања за бегалската криза


Унгарскиот Парламент одобри армијата да користи несмртоносна сила во спречување на бегалците да ги минуваат границите. Според законот, армијата ќе може да користи гумени куршуми и солзавец за контрола на бегалците на нејзините граници, додека полицијата ќе може да влегува во приватни домови да бара нелегални мигранти. Овој месец Унгарија ја затвори границата со Србија и донесе закон според кој кривично дело е нелегалното минување на границата, или пак оштетувањета на оградата која беше изградена по должина на границата со Србија. Оваа година повеќе од 500 мигранти и бегалци влегоа во земјите на Европската унија, многумина од нив бегајќи од војните во Сирија, Ирак и Авганистан.

XS
SM
MD
LG