Достапни линкови

Јункер: Грција да се придржува кон реформите


Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска ја повика Грција да работи за стабилност и да се придржува кон договорот за реформи по реизбирањето на Алексис Ципрас за премиер. „Грција сега има потреба од широка поддршка од сите партии, инстуционална стабилност и своевремена примена на реформите, за да се врати довербата“, напиша Јункер во честитката до Ципрас. Во неа претседателот на ЕК посочува дека постои итна неопходност од менаџирање на имиграциската криза, која ќе биде тема на седницата на Европскиот совет. „Ни претстои многу работа и немаме време за губење, ќе ја поддржиме новата Влада во нејзините напори“, напиша Јункер.

XS
SM
MD
LG