Достапни линкови

Руски дронови во надгледувачка мисија во Сирија


Илустрација.

Илустрација.

Американски претставници се цитирани од Ројтерс како велат дека Русија започнала да користи дронови како дел од мисии за надгледување во Сирија. Двајца неидентификувани функционери за новинската агенција денеска рекле дека не знаат колку дронови се вклучени во таквите мисии и за доменот не летовите. Пентагон не ги коментираше ваквите тврдења. Западот е загрижен за руското присуство во Сирија, сомневајќи се дека намерата е поддршка на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Москва вели дека нејзината цел е да и се помогне на Сирија во борбата против групата на Исламската джрава. САД исто така соопшти дека руското воено присуство во Сирија може да биде закана за меѓународната коалиција што ја предводи против групата на ИД.

XS
SM
MD
LG