Достапни линкови

logo-print

Руски разузнувач осуден за предавство


Генадиј Кравцов.

Генадиј Кравцов.

Судот во Москва осуди поранешен офицер на разузнавањето на 14 години затвор, за обвиненија за предавство. Генадиј Кравцов денеска е прогласен за виновен бидејќи на западни тајни служби им обезбедил доверливи информации за вселенското летало „Целина-1.“Судот исто така одлучи дека на Кравцов ќе му биде одземен неговиот ранг како полковник. Тој беше уапсен во мај, а на судењето се изјасни дека е делумно виновен, додавјќи дека доставил неколку инфорамации во врска со вселенското летало во неговата биографија, обидувајќи се да добие работа во Шведска. Неговиот адвокат изјави дека ќе поднесе жалба на пресудата.

XS
SM
MD
LG