Достапни линкови

Во Турција спречени стотици мигранти на пат кон Грција


Турската полиција денеска спречи нова група од неколку стотина мигранти, главно сириски бегалци, на патот кон Едрене кои и потоа кон Грција. Околу 700 мигранти неколку дена биле блокирани на автобуска станица во Истанбул, каде властите не им дозволувале да се качат во автобуси, одлучиле во текот на минатата ноќ да продолжат кон Едрене. Некои успеале да се качат во автобуси или автомобили, други продолжиле пеш, но биле спречени од полициските сили во предградијата на Истанбул. Едрене е последниот голем град на турска територија пред границата со Грција и Бугарија.

XS
SM
MD
LG