Достапни линкови

Германија го критикува Кремљ за изборите во Украина


Германската Влада ја критикуваше Русија за нејзиното недистанцирање од плановите на про-руските сепаратисти да одржат локални избори во источна Украина, без да се консултираат со Киев. Портпаролот на канцеларката Ангела Меркел, Штефан Сиберт денеска изјави дека „жалосно е што Русија досега се нема дистанцирано од овие планови.“ Гермнаското Министерство за надворешни работи соопшти дека „очекуваат Москва да го искористи нејзиното влијание за сепаратистите да ги откажат тие избори.“ Коментарите доаѓаат откако самопрогласениот лидер на регионите под контрола на сепаратистите, Игор Плотницки, рече дека изборите во Луганск ќе се одржат на 1 ноември. Германското Министерство на плановите глада со голема загриженост, доадвајќи дека тоа би значело и прекршување на договорот од Минск.

XS
SM
MD
LG