Достапни линкови

Земја на итарпејовци, сите итри, а решение нема


Во полемиките на нашата интернет страница читателите се надмудруваат за излезот од кризата, специјалната обвинителка, за тоа кој имал капацитет, а кој не?!

Горештините стивнаа, а нашата веб-страница почна да се полни со ваши пораки и коментари, почитувани. И тука на сцената стапуваат нашите редовни Пиле од Скопје и Миле од Охрид, кои, веројатно освежени од летниот распуст, продолжуваат со своите полемики и дискусии преку нашиов медиум, сега ептен во дипломатски ракавици.

Земја на итарпејовци, не гледаат да најдат решение туку како незрели се инаетат и кажуваат итрини, се гледаат само себеси, а за народот им е гајле.

Саботната анализа на колешката Фросина Димеска со прашањето зошто македонските политичари се неспособни сами да најдат компромис ги поттикнала на меѓусебни прашања и одговори, кои, нека простат, се толку долги и надвор од темата што практично не може да се пренесат во олку кратко време.

Во прегледов само тоа дека Миле смета дека во целата фарса, како што ги нарекува преговорите за решавање на политичката криза нема ни јота од борба против криминалот, туку се има цел федерализација на Македонија и уништување на државата и идентитетот на македонскиот народ. Пиле, пак, смета дека Миле излегува од темата. Ловро е краток и гаѓа во суштината: „Земја на итарпејовци, не гледаат да најдат решение туку како незрели се инаетат и кажуваат итрини, се гледаат само себеси, а за народот им е гајле“.

Менталитетот на нашиот народ е познат: не се согласува со ништо и на сè наоѓа маана. Така, и за изборот на Катица Јанева за специјален јавен обвинител главно коментарите се негативни, исто како и за интервјуто на Зоран Заев за една од скопските телевизии. Роберт, прилично навредливо, му порачува на Заев дека како и него што го нашле, така и обвинителката од локално обвинителство не можела да се справува со меѓународен криминал. „Кои сте вие шупелковци, нели гледаш дека ВМРО повеќе се радува на неа од вас“. За Пиле изборот е „импровизација со елементи на велепредавство со амин на опозицијата - СДСМ“. Марко Поло, пак, од Скопје, прашува што барала Јанева на обуката Фалконе кога работи во мало обвинителство и дека тоа биле џабе фрлени пари, односно шетање. И за Незабеган изборот на тотален анонимус, како што вели, зачудува, и дека спец-обвинителот требало да се одбере од искусни адвокати кои ги знаеле сите цаки на нашиот правен систем.

На неделното интервју на РСЕ со професор Фрчкоски реагира Рајко, кој прашува зошто професорот кога бил во МВР не направил измени, и сте го нашле човекон, вели, со слаб капацитет, а дава пари и ја става главата в торба, а сега вие стари скопски правете се паметни.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG