Достапни линкови

Статус-кво за името останува и со Сириза


Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Попоски и Никос Коѕијас во Скопје.

Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Попоски и Никос Коѕијас во Скопје.

Не може да се очекува нешто ново во поглед на решавањето на спорот за името барем до изборите во април наредната година.

Поместување во однос на спорот со името меѓу Македонија и Грција не може да се очекува во блиска иднина, коментираат експертите, по победата на Сириза на парламентарните избори во Грција, предводена од Алексис Ципрас.

Меѓутоа треба да бидеме и реални дека некакво брзо поместување не е возможно. Тоа сепак е игра на подолг период и мислам дека постепено ќе имаме некакви позитивни поместувања, кои ќе водат кон некакво смирување на состојбите.

Посредникот на ОН во спорот со името, Метју Нимиц по последната средби со преговарачите на двете земји во ноември минатата година изјави дека се работи за тешко прашање и оти нема поместување. Оттогаш проблемот падна во втор план, поради политичката во Македонија и економската криза во Грција. Поранешниот дипломат Ристо Никовски вели дека во секој случај за Македонија е добро што Сириза победила на изборите, бидејќи само партијата на Ципрас би можела да направи некаков исчекор по ова прашање.

„Меѓутоа треба да бидеме и реални дека некакво брзо поместување не е возможно. Тоа сепак е игра на подолг период и мислам дека постепено ќе имаме некакви позитивни поместувања, кои ќе водат кон некакво смирување на состојбите. Конечно решение не може да се најде во скоро време, но сепак ќе се оди напред и тоа е добро“, смета Никовски.

Можеби одговорот е некаде на средина. Факт е дека Ципрас е расположен за контакти, но исто така се поставува прашањето за подготвеноста на Македонија, бидејќи државата е во политичка криза.

Професорот и поранешен амбасадор во НАТО, Нано Ружин смета дека политиката на Сириза во однос на проблемот со името ќе зависи и од коалициониот партнер. Според Ружин, изјавата на Ципрас дека ќе формира Влада подготвена за битка значи дека ќе бидат насочени кон внатрешната криза. Но, како што наведува Ружин, Ципрас смета дека политичката на претходната Влада за спорот била застарена.

„За нас како држава останува ова многу важно прашање, дали тоа би значело неко помрднување во насока на надминување на проблемот со името или пак само нашминкување и терање на политиката која што повеќе од две децении ја води Атина кон Македонија. Можеби одговорот е некаде на средина. Факт е дека Ципрас е расположен за контакти, но исто така се поставува прашањето за подготвеноста на Македонија, бидејќи државата е во политичка криза.“

Ружин додава дека не може да се очекува нешто ново во решавање на прашањето до изборите во април наредната година.

„До тогаш прашањето најверојатно ќе тапка во место, а Грција и натаму ќе продолжи со некоја политика на блокада на Македонија во НАТО и на процесот на отпочнување на преговорите на земјата со ЕУ, под услов да добиеме позитивен извештај доколку се исполнат ветувањата од договорот во Пржино“, смета Ружин.

Политичките партии од земјава и премиерот Никола Груевски при неодамнешната посета на еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан побараа Македонија да добие датум за преговори со Унијата, а преговорите за прашањето со името да течат паралелно.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG