Достапни линкови

Во Македонија, потврди на над 89 илјади мигранти


Во Македонија од вчера во осум до денеска во осум часот на вкупно 2.120 странски државјани им се издадени потврди. Според државјанството најбројни се од Сирија 1.355, Авганистан 387, Ирак 298, додека другите се во помал број. Досега вкупно се издадени потврди на 89.427 странски државјани. Најбројни се од Сирија 70.670, потоа Авганистан 7.165, Ирак 4.754 и Пакистан 2.548. За последните 24 часа до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, а вкупно досега се поднесени 49 барања за признавање на право на азил.

XS
SM
MD
LG