Достапни линкови

Кери и Штајнмаер за политичко решение во Сирија


Франк Валтер Штајнмаер и Џон Кери

Франк Валтер Штајнмаер и Џон Кери

Шефовите на дипломатиите на Германија и на Соединетите држави се согласија нивните земји да ги продолжат напорите за справување на сегашната бегалска криза во Европа и за крај на граѓанската војна во Сирија. Франк Валтер Штајнмаер и Џон Кери на средбата во Берлин оценија дека запирањето на насилствата во Сирија е политичка и морална обврска. Кери изјави дека Соединетите држави веќе примиле 70 илјади бегалци од Сирија и оти ќе примат уште 15 илјади во следната фискална година која почнува идниот месец. Германија годинава би примила милион бегалци, рече Штајнмаер.

XS
SM
MD
LG