Достапни линкови

logo-print

Во Истанбул протести против тероризмот


Десетици илјади луѓе протестираа во Истанбул против насилството на курдските бунтовници кои премиерот Ахмед Давутоглу ги означи како сепаратисти. Турција е зафатена со бран насилство меѓу безбедносните сили и припадници на Курдската работничка партија која е на листите на терористички организации на Соединетите држави и Европската унија. „Оние што сакаат да ја поделат земјата мора да бидат проколнати“, изјави премиерот Давутоглу. Партијата на правдата и развојот на претседателот Реџеп Таип Ердоган се обидува да ја поправи загубата на изборите во јуни годинава. Иако победи, оваа пратија го загуби мнозинството, а преговорите за влада пропаднаа по што за 1 ноември се закажани нови избори.

XS
SM
MD
LG