Достапни линкови

Победа на Сириза и преговори за коалициска влада


Официјалните резултати покажуваат дека левичарската Сириза на поранешниот премиер Алексис Ципрас победи на вчерашните парламентарни избори во Грција. Сепак, оваа партија не доби доволно пратеници за да може сама да формира влада. Според резултатите, Сириза доби 35,5 насто од гласовите. Нејзиниот ривал Нова демократија е на второ место со 28 проценти, додека крајно десничарската Златна зора се очекува да биде на трето место со нешто над 7 насто од гласовите. Околу 9 милиони и 800 илјади грци со право на глас излегоа на изборите за нова влада која треба да го спроведе спасувачкиот пакет од три години што парламентот го одобри во минатиот месец. Тогаш оставка поднесе премиерот Ципрас кој побара вонредни избори по седуммесечните преговори со странските кредитори.

XS
SM
MD
LG