Достапни линкови

logo-print

Шпанија нов европски шампион во кошарка


Репрезентацијата на Шпанија е нов европски шампион откако во финалето ја победи Литванија со 80:63. За Шпанија ова е трет златен медал на европските првенства, а Литванија по финалето во 2013 година повторно го освои сребрениот медал.

Најдобар поединец на финалето беше Пау Гасол со 25 поени и 12 скока.

Репрезентациите на Шпанија и на Литванија обезбедија и директно учество на Олимписките игри во Рио.

Во натпреварот за третото место Франција ја победи Србија со 81:68.

XS
SM
MD
LG