Достапни линкови

Сириза води на изборите во Грција


Сириза освои 35,31 проценти од гласовите на денешните предвремени избори во Грција, покажуваат првите официјални резултати по преброени нешто повеќе од 22 отсто од гласовите.

На второ место е Нова демократија со 28,18 проценти, по неа е Златна зора со 7,29, ПАСОК со 6,50, Комунистиката партија на Грција со 5,52, Потами освои 3,80 проценти, независни Грци 3,72 и Унијата на центристите освои 3,50 отсто од гласовите.

Близу до надминување на прагот од три проценти за влез во парламентот е и Национално единство.

Доколку резултатите бидат потврдени и по преброени 100 проценти од гласовите, по овие избори во парламентот ќе влезат девет партии што е најголем број од 1955 година кога во грчкиот парламент имало пратеници на 10 партии, додека во мај 2012 година имало осум политички сили.

Според грчкиот изборен закон, првопласираната партија добива дополнителни 50 места во 300-члениот парламент, со што Сириза на Ципрас, според досегашните резултати, освои 144 места.
Ципрас утре најверојатно ќе добие мандат, по што ќе има три дена да ја состави новата влада на Грција. Со оглед на тоа што не обезбеди мнозиство, се очекува да коалицира со една или две помали партии.

XS
SM
MD
LG