Достапни линкови

logo-print

Протест на опозицијата во Москва


Илјадници руски опозициски активисти и нивните поддржувачи се собраа на протест во Москва, поради тоа што сметаат дека регионалните избори на кои што изгубија биле наместени од власта. Протестот, наречен „Состанок за да се промени власта“, се одржа во јужниот дел на главниот град на Русија, надвор од центарот на градот. Присутните вееја руски знамиња и знамиња на коалицијата „Парнас“, а носеа и постери на убиениот руски опозиционер Борис Немцов. Владејачката партија Обединета Русија победи убедливо на минатонеделните избори за гувернери и регионални и општински парламенти во повеќе од 20 региони. Опозицијата се надеваше на добар резултат во регионот Кострома, но подоцна се жалеа дека не им било дозволено да се кандидираат, само владејачката Обединета Русија да може да победи.

XS
SM
MD
LG