Достапни линкови

Француските кошаркари ја освоија бронзата на Европското


Домаќинот Франција го освои бронзениот медал на Европското првенство во кошарка, откако во натпреварот за трето место попладнево во Лил ја совлада репрезентацијата на Србија со 81-68. Најефикасен играч на натпреварот беше Де Коло со 20 поени, а по 15 коша дадоа неговите сонародници Фурние и Гобер, кој на тоа додаде и 14 скока. Во српскиот тим најефикасен беше Богдановиќ со 14 поени. Во борбата за златниот медал денеска во 19 часот се среќаваат Шпанија и Литванија.

XS
SM
MD
LG