Достапни линкови

logo-print

Израел ќе вработи илјадници кинески работници во градежниот сектор


Израел ќе вработи 20 илјади кинески работници во градежниот сектор за да се намали цената не недвижнините, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетенјаху во Ерусалим. На неговата изјава се противи правобранителството. Нетенјаху вели дека вработувањето на кинеските работници е за да се забрза изградбата на станбени единици, а со тоа и да се намалат цените на становите. Израелската влада пред четири години одлучи да не вработува странски работници пред да склучи билатерален договор со земјите од кадешто доаѓаат. Без такви договори странските работници плаќаат по стотини, понекогаш и по илјади долари за да добијат работна дозвола. Израел и Кина само што започнаа таков вид на преговори. Во израелскиот градежен сектор се вработени над 200 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG