Достапни линкови

logo-print

Илјадници мигранти влегле во Австрија


Илјадници бегалци влегле денеска во Австрија со автобуси и возови.
Австриската полиција соопшти дека вчера во земјата влегле повеќе од 10.000 луѓе, додека денеска влегле 4.700 преку границата со Унгарија, а уште неколку илјади се очекуваат да влезат. Австрискиот Црвен крст рече дека 2.000 од нив го продолжиле својот пат и влегле во Германија. Полицијата вели дека прават напори да најдат сместување за сите.
Бегалците и мигрантите со денови беа заглавени во југоисточна Европа. Тие почнаа да пристигнуваат во Австрија, откако Унгарија ги придружуваше до границата.


XS
SM
MD
LG