Достапни линкови

Стотици луѓе на Парадата на гордоста во Белград


Стотици луѓе одржаа Парадата на гордоста во Белград. Во градот беа распоредени стотици полицајци, а имаше и оклопни возила и водени топови паркирани на главните премини во централното градско подрачје, каде што патиштата се затворени за сообраќај. Поради закани од екстремно десничарските групи во изминатите години српските власти ги откажуваа ваквите настани. Минатата година за првпат беше одржана Парада на гордоста во Белград. Нема извештаи за насилства во Белград, каде што учесниците на парадата вееја знамиња со боите на виножитото и носеа шарени балони.
Во 2010 година, за време на првата геј парада во Белград, тврдокорните националисти нападнаа учесници на парадата и се судрија со полицијата, при што беа ранети 150 лица.

XS
SM
MD
LG