Достапни линкови

Издадени 2.243 потврди на мигранти за намера за азил


Во последното деноноќие на вкупно 2.243 странски државјани, издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството најбројни се државјаните на Сирија, па следат Ирак, Авганистан и други.

Во периодот од 19 јуни до утрово во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 87.307 странски државјани. Инаку, во изминатите 24 часа до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени вкупно 49 барањаза признавање на право на азил.

XS
SM
MD
LG