Достапни линкови

logo-print

Ципрас бара мандат за силна влада


Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас за време на денешното гласање во Атина, повторно побара мандат за силна влада.

„Народот со своето гласање треба да ја земе иднината во свои раце и да нè остави другите да одлучуваат за него. Народот е оној кој ќе стави свој белег, за да може нашата земја да премине кон една нова ера. Ова може да се случи само со мандат за силна влада со мандат од четири години“, рече Ципрас.

Денеска е ден за празнување. Вечерва сите Грци заедно ќе прослават едно ново утро за Грција, изјави лидерот на Нова демокартија, Евангелос Меимаракис за време на денешното гласање во Атина. Според него, грчкиот народ сака да ги остави зад себе сивилото, лагите и сиромаштијата.

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, изрази надеж дека резултатот од денешните предвремени парламентарни избори ќе ги оправда очекувањата на граѓаните.

Вкупно девет милиони и 837 илјади Грци денеска гласаат на вторните предвремени парламентарни избори годинава.

Во изборната трка учествуваат 14 политички партии и пет коалиции кои се натпреваруваат за 300 места во грчкиот парламент.

XS
SM
MD
LG